Извршителите го дотепаа бизнисот

Bez autora
Feb 10 2011

Извршителите наплатија 235 милиони евра од граѓаните и од компаниите во изминатите три години кога светот и земјава ги тресеше големата економска криза. Само толку успеале да наплатат иако требало речиси трипати повеќе или над 600 милиони евра. Најмногу настрадаа компаниите во кои извршителите без проблем влечеле пари од сметка или им продавале недвижен и движен имот. Многу лошо поминале и граѓаните, додека кога како должник се јавувала државата, дури и извршителите слабо успевале да наплатат. Ова го покажуваат извештаите на Комората за извршители каде што за период од три години бројот на барања за извршување и сумата што ја наплатиле е зголемена за цели педесет проценти. Така лани наплатиле 95 милиони евра, во 2009 година 80 милиони евра, додека во 2008 година 60 милиони евра или за 50 проценти помалку од минатата година.

Извршителите го дотепаа бизнисотИзвршителите наплатија 235 милиони евра од граѓаните и од компаниите во изминатите три години кога светот и земјава ги тресеше големата економска криза.

Само толку успеале да наплатат иако требало речиси трипати повеќе или над 600 милиони евра. Најмногу настрадаа компаниите во кои извршителите без проблем влечеле пари од сметка или им продавале недвижен и движен имот. Многу лошо поминале и граѓаните, додека кога како должник се јавувала државата, дури и извршителите слабо успевале да наплатат. Ова го покажуваат извештаите на Комората за извршители каде што за период од три години бројот на барања за извршување и сумата што ја наплатиле е зголемена за цели педесет проценти. Така лани наплатиле 95 милиони евра, во 2009 година 80 милиони евра, додека во 2008 година 60 милиони евра или за 50 проценти помалку од минатата година.

Само лани кога стопанството постојано се жалеше кај Владата да се намали притисокот врз нив, извршителите успеале да извлечат од сметки и да продадат имот од компаниите тежок 67 милиони евра. Граѓаните го платиле цехот со 14,6 милиони евра, како од банкарски сметки, така и од движен и недвижен имот, при што голем дел останале и на улица. Додека, пак, за државата иако имала речиси приближно исти број барања за извршување колку и за стопанството (42.227 наспрема 56.106) извршителите успеале да наплатат само 12 милиони евра, што е помалку дури и од граѓаните.

Според извештајот за минатата година, најголеми доверители се правните лица, односно од вкупната сума од 95 милиони евра компаниите побарувале дури 72,5 милиони евра, граѓаните 18,6 милиони евра, а државните институции 2,1 милиона евра.

Бизнисмените се жалат дека ним не им претставуваат проблем извршителите туку судството. Според нив, извршната постапка мора да биде уште поефикасна од сегашната, бидејќи нашето стопанство има голем проблем со ликвидноста.

- Државата го знае проблемот со бавното судство. Потоа неликвидноста е најголем проблем. Должат и фирмите меѓу себе, но и државата им должи на фирмите. Доколку се наплати с`, во стопанството ќе се влеат неколку милијарди евра, колку што се сегашните долгови. Тоа е многу добра инјекција или отскочна штица која ќе придонесе да се подобри бизнис-климата во земјава - вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Од Стопанската комора, во која членуваат големите компании во земјава, велат дека досега никој не им се пожалил дека има проблем со наплата од извршители.

- Никој од стопанствениците досега не се пожалил на двоен аршин од страна на извршителите. Според стопанствениците, извршителите наплаќаат долгови и од државата и од фирмите подеднакво - велат во Стопанската комора.

Оттаму велат дека реагирале на висината на вкупните трошоци за извршување, кои сега по нивната иницијатива се намалени.

- Стопанската комора врз основа на доставените барања на членките поднесе барање за намалување на трошоците за извршување во Министерството за правда уште во мај минатата година. Забелешките на членките главно се однесуваа на намалување на вкупните трошоци за извршување кај ненаплатените побарувања од помал износ каде што вкупната цена за извршување на предметите беше неколкукратно повисока од износот на ненаплатениот долг. Особено имаа забелешки и за високите трошоци за администрирање на предметите каде што цените за трошоците од тарифата не се соодветни со реалните трошоци за извршување. По нашата иницијатива Министерството за правда донесе нова тарифа за награда, надомест и други трошоци за работата на извршителите која во просек сега е помала за 32,1 отсто од претходната тарифа - велат во Комората.

Според годишните податоци на извршителите, во 2006 година имало 6.335 барања за извршување, наредната година 44.174, во 2008 година бројот речиси двојно се зголемува на 73.474 барања, во 2009 година 99.873, додека лани биле добиени 109.524 барања за извршување. Од нив во 2006 година биле реализирани 2.750 барања, наредната година бројката се зголеми на 11.271, за лани да стигне до 35. 607 извршени барања.

Најголем процент на реализација извршителите имале во 2008 година 43,89 проценти, додека лани реализирале 36,76 проценти од барањата.

Најголем дел од долговите наплаќале преку сметки, додека многу помал бил делот на наплата од имот. Со оглед на примените барања во текот на изминатите години, минимум една третина од долговите годишно, не се наплатувани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik